Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка на нашиот тим
Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка на нашиот тим

Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка на нашиот тим

Клубскиот сајт на Вардар излезе со информации околу утрешниот натпревар против Шкендија. На овој дуел отврени за публиката ќе бидат јужната и западната трибина, цената на еден билет ќе изнесува 100. денари. Вардар ги повикува сите навивачи да дојдат, фер и коректно да го бодрат својот тим.

За овој натпревар отворени ќе бидат само јужната и западната трибина, додека новинарските екипи ќе влегуваат на северната трибина. Забранет е влез за гостински симпатизери на трибините на стадионот.

Купувањето на влезница ќе биде овозможено единствено со покажување на лична идентификација. На еден документ следува една влезница. Билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде отворена на денот на натпреварот од 12 часот. Влезница ќе чини 100 денари.

Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува сите навивачи да дојдат и да дадат поддршка на нашиот тим во обидот да дојде до добар резултат и да се пласира во следната фаза од Купот на Македонија. Воедно, апелираме поддршката да биде со фер и со коректно навивање без извици и пароли на национализам и расизам. Само така ќе го заштитиме Вардар од санкции, и само така ќе можеме да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа на овој меч.