Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Максимов ќе ја тресе и Шкендија!
Максимов ќе ја тресе и Шкендија!

Максимов ќе ја тресе и Шкендија!

Тимот на Вардар се подготвува за нова дерби пресметка против Шкендија, утре на Градскиот стадион во Скопје “црвено – црните” ќе ги пречекаат тетовчани во рамките на првиот 1/4 финален меч од Купот на Македонија.

За разлика од натпреварот во Тетово, овој пат Јаневски речиси сигурно е дека ќе направи неколку рокади во тимот. Една од нив секако дека ќе биде Максим Максимов. По одличната партија и двата гола против Победа, утре во шпицот на нападот Русинот ќе добие шанса од првата минута. Кој ќе отпадне од комбинација останува да видиме.

Постои голема можност да дебитира од првата минута и Битанг, кој досега на двата натпревари во ПМФЛ влегуваше од клупата и остави добар прв впечаток. Се очекува Марковиќ да остане на клупата за резерви на овој дуел. Други рокади во тимот не би требало да има, чувар на мрежата останува фантастичниот Гачевски.

Дерби пресметката утре започнува од 14.00 часот, билетите за “југот” се по цена од 100. денари.