Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Мечот со Шкендија е во 17-30ч, без гостински навивачи, билети само со л.карта
ФК Вардар: Мечот со Шкендија е во 17-30ч, без гостински навивачи, билети само со л.карта

ФК Вардар: Мечот со Шкендија е во 17-30ч, без гостински навивачи, билети само со л.карта

За два дена на програмата е дербито во првата Македонска фудбалска лига, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Овој меч ќе биде одигран во недела со почеток од 17:30 часот на арената Филип втори. По повод овој меч од нашиот клуб се огласија со следново соопштение кое во целост ви го пренесуваме.
.

Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, а поради неприсуство на претставници на ФК Шкендија на состанокот организиран и одржан на 11.08.2016 година од страна на ФК Вардар за договарање на евентуално присуство на гостински симпатизери и за сите работи околу безбедноста на натпреварот, ФК Вардар А.Д. Скопје ќе дејствува согласно законот за организација на натпревари од висок ризик. Тоа значи дека нема да биде дозволено присуство на гостински симпатизери на средбата. Тука се земаат во предвид и градежните работи кои се извршуваат на северната и на источната трибина на Арената „Филип Втори“ кои нема да бидат во функција за овој натпревар, односно публика ќе има само на јужната и на западната трибина.

Единствено на северната трибина ќе присуствуваат само новинарските екипи и камерманите кои поседуваат новинарски акредитации издадени од страна на ФК Вардар кои беа доделени минатиот петок (05.08.2016).

Билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена утре (сабота) од 10 до 18 часот, а билетарницата на стадионот „Филип Втори“ ќе продава влезници за дербито во недела на денот на натпреварот од 12 до 17 часот. Билетите ќе се продаваат исклучиво со документ за лична идентификација и истите чинат 100 денари.

Сите оние кои поседуваат сезонски ALL PASS билети за сите клубови на Вардар, би сакале да информираме дека истите важат од овој натпревар, и сите кои поседуваат ќе можат без никакви проблеми да присуствуваат на неделниот меч.

ФК Вардар испраќа апел за сите кои ќе бидат присутни на стадиоот на наделното дерби за фер и коретно навивање. Да му дадеме спортска поддршка на нашиот тим да стигне до победата во овој важен натпревар.