Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Првите 50 пријавени деца во академијата на ФК Вардар ќе добијат бесплатни тренинзи во првиот месец
Првите 50 пријавени деца во академијата на ФК Вардар ќе добијат бесплатни тренинзи во првиот месец

Првите 50 пријавени деца во академијата на ФК Вардар ќе добијат бесплатни тренинзи во првиот месец

Од фудбалскиот клуб Вардар известуваат дека се повеќе е зголемен интересот на малите дечиња да тренираат во нивниот клуб. Денес започнува третиот ден откако траат уписите за пријавување, а првите 50 деца кои ќе бидат најбрзи ќе добијат бесплатни тренинзи во текот на првиот месец од започнувањето. Запишувањето трае заклучно до 31-ви август, а со тренинзи се започнува веќе следниот ден на 1-ви септември. Цената за сите дечиња од генерации 2002-2010 ќе биде 800 денари.

Покрај име и бренд, Вардар им нуди на сите деца и други големи поволности. Новата академија е една од најдобрите на Балканот, изградена по сите европски стандарди како што му доликува на секој голем клуб. Истата на дечињата им нуди неверојатни и одлични услови за работа, тренинг и достигнување до нивото кое потребно да се стане врвен играч. Истовремено ќе имаат можност да работат со искусни тренери кои ќе ги донесат на вистинскиот пат кон славата.

Сите кои се интересираат нивните деца да бидат дел од црвено-црното семејство за дополнителни информации можат да се јават на овој број 02/3 125 945.