Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Камила Херем подобра од Радичевиќ и Кликовац на ОИ во Рио
Камила Херем подобра од Радичевиќ и Кликовац на ОИ во Рио

Камила Херем подобра од Радичевиќ и Кликовац на ОИ во Рио

Четврти пораз од исто толку одиграни натпревари за репрезентацијата на Црна Гора на олиписките игри во Рио. Една од репрезентациите која важеше за голем фаворит за освојување на медал на овие игри ќе мора да се врати дома по завршување на групната фаза. После поразите против Шпанија, Ангола и Романија, следеше нов “дебакл“ за избраничките на Драган Аџиќ, кои наидоа на разиграната Норвешка. Скандинавните не само што триумфираа, туку и целосно ги надиграа своите противнички со убедлив резултат од 28:19. Ова е еден од најголемите неуспеси на оваа генерација, а самиот податок дека беа постигнати само 19 голови од 50 упатени удари говори за очајната игра на Црна Гора на олимпските игри.

Норвешка го започна мечот со серија од три полседователни гола, на која врати Црна Гора во ист мера за израмнување на 3:3. Но тоа беше се што направија на овој дуел. Како одминуваше натпреварот, предноста на Норвешка се повеќе растеше. Во 20 минута имаа водство од 12:6, разлика која се одржуваш до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел Црна Гора се обидуваше да се врати на натпреварот, успевајќи да намали на четири гола негатива, но немаа сили за нешто повеќе. Свој ден немаа ниту Радичевиќ и Кликовац додека нивната нова соиграчка во Вардар, Камила Херем беше втор најдобар стрелец за Норвешка со постигнати 5 голови.