Утре ќе биде првиот тренерски дуел помеѓу младиот предводник на клупата на црвено- црните Гоце Седловски и искусниот кормилар во мак.фудбалот Никола Илиевски-Џиџи.
Ова е судар на два сосема различни тренери во однос на искуството. Тренерот на турновци Џиџи уште од 1989 година е во тренерските води , а нашиот Гоце е релативно млад тренер и енергичен тренер. Вистински куриозитет е што во 2013 година двата тренера имаа свој епизоди во тимот против кој ќе имаат меч утре. Никола Илиевски назначен шеф на стручен штаб во црвено-црниот табот во времето кога сеуште град Скопје беше главен инвеститор на еден чуден начин. Така ако беше есенски шампион Боби Милевски мораше да го остапи кормилото на Џиџи. Ова замалце ќе се покажеше погубново борбата за титула. Џиџи имаше катастрофален период во македонскиот шампион од каде по кратко замина а сезоната ја спасуваше Милевски. Гоце е млад тренер со неспоредливо помало искуство , но по Турново каде имаше солидни резултати и европска “виза“ и во ФК Вардар има успешна приказна има 5победи (4пмфл+1куп) и 1 нерешено од премиерните шест дуела . Џиџи ќе се обиде да го врати на вистински колосек разнишаниот Хоризонт , а Гоце ќе се обиде да ја продолжи серијата на непобедливост.