Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Лука Јакимовски: Во Академијата на Вардар има одлични услови за работа, најдраг трофеј ми е оној од регионалната лига освоен минатата сезона
Лука Јакимовски: Во Академијата на Вардар има одлични услови за работа, најдраг трофеј ми е оној од регионалната лига освоен минатата сезона

Лука Јакимовски: Во Академијата на Вардар има одлични услови за работа, најдраг трофеј ми е оној од регионалната лига освоен минатата сезона

Генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година успеаа во својата прва сезона на регионалната-скопска лига, да станат шампиони на Македонија. Дел од шампионската генерација е Лука Јакимовски, кој игра на бековските позиции во тимот. Борбеноста е главната одлика за овој млад играч, кој има свој придонес во екипата, како еден од најстандардните во составот предводен од Зоран Петковски, за изминатата натпреварувачка сезона. Во следново интервју ве запознаваме со Лука Јакимовски.

1. На колку години започна да тренираш фудбал, кој беше првиот клуб и тренер, со кој имаше можност да соработуваш ?

-Со фудбал започнав на пет годишна возраст во ФК Алумина кај тренерите Марјан и Добринко. На шест години заиграв за фудбалската школа Кул и на неполни осум години дојдов во Вардар. 

64725065_1047074595497295_6795570570822942720_n

2. Што беше она што најмногу ве привлече во фудбалот, зошто се одлучивте баш за овој спорт ?

-Имаше повеќе причини зошто се одлучив за овој спорт. Првата причина е мојот постар брат кој тренираше фудбал и ме носеше на неговите тренинзи и натпревари, исто така и следењето на натпревари со мојот татко направи да го засакам фудбалот.

3. Изминатата сезона успеа со твојата генерација да ја освоиш лигата, но е и купот, каде бевте поразени во финалето. Како вие ја оценувате сезоната ?

vardarfans-naslovna10-660x330

-Минатата сезона за нашата екипа беше успешна поради освоеното прво место во регионалната лига и учеството во финалниот натпревар во купот на Македонија, каде што иако поведовме на крајот несреќно изгубивме. 

4. Имавте можност да настапите на силен меѓународен турнир во Несебар, какви се впечатоците од истиот, од организацијата и противниците ?

-Втора година како учествуваме на овој турнир и на истиот освојуваме прво место. На турнирот учествуваат екипи од различни земји, со кој покрај натпреварите стекнавме и нови пријателства.

64515563_1047104135494341_7771479486565974016_n

5. Колку сте задоволни од условите за работа кои ви ги пружа Академијата на ФК Вардар ?

-Во академијата на Вардар има одлични услови за работа, кој ниеден клуб во оваа земја ги нема. Мора да бидеме задоволни и среќни што имаме можност да работиме и тренираме во ваков комплекс, каков што секој клуб во земјава посакува. 

64896832_1047075658830522_1093914529475067904_n

6. Може ли да ни издвоите некој посебен трофеј, кој го имате освоено со генерацијата 2005 на Вардар ?

-Ова ми е шеста година во Вардар и во овие шест години освоивме многу трофеи, но најдраг момент ми е освојувањето на регионалната лига во изминатата сезона.

7. Стартувавте со подготовки за новата сезона, каква е атмосферата во екипата и кои се очекувањата за новата сезона ?

1335

-Атмосферата во екипата е прекрасна, владее другарство и почит. Во новата сезона ќе дадеме се од себе да ја освоиме двојната круна, која ни е голем предизвик.

8. Какви се плановите на Лука за во иднина ?

-Како играч мојата желба е да заиграм за сите категории на ФК Вардар, со кој би сакал понатаму да играм во Лигата на шампиони. Исто така би сакал да играм и за нашата национална репрезентација.

Звонко Ивановски