Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матео Кесиќ: Среќен сум и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија, сакам еден ден да играм за сениорскиот тим на ФК Вардар
Матео Кесиќ: Среќен сум и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија, сакам еден ден да играм за сениорскиот тим на ФК Вардар

Матео Кесиќ: Среќен сум и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија, сакам еден ден да играм за сениорскиот тим на ФК Вардар

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеа да стане шампион на Македонија и да го одбрани трофејот во детската лига, откако во големото финале ја совладаа екипата на Академија Пандев. Повторно одигравме одлична сезона во која доминиравме и докажавме дека сме најдобри во својата возрасна категорија. Велат кога имаш добра одбрана, многу е полесно да победиш, а тоа можеби најмногу ја красеше оваа екипа предводена од Неделковски, кои го имаа Матео Кесиќ, кој беше “столбот“ во одбраната и без кој не можеше да се замисли дефанзивната линија на оваа генерација. Токму во следното наше интервју ве запознаваме со Матео, кој е втора година во црвено-црниот дрес, а интересно започнува да тренира во групата на рекреативци, по што е препознаен како и надежен играч. Дефинитивно не згрешиле стручните лиц во ФК Вардар, кога му даваат шанса да настапува во детската лига и на меѓународните турнири.

35686959_10156447102352236_3026064838129352704_n

1. Од каде желбата за фудбал и дали овој спорт беше првиот со кој започнавте ?

-Јас уште како мал имав желба да тренирам фудбал и играв надвор со моите другарчиња. Но на шест годишна возраст прво се запишав на кошарка и тренирав 2 години, а  потоа решив да започнам да тренирам фудбал.

2. Кога беа вашите први почетоци со фудбалската топка, во кој клуб започнавте да тренирате и кој беше првиот тренер со кој имавте можност да соработувате?

-Моите први почетоци беа кога имав осум години, кога прв пат започнав да тренирам фудбал во ФК Вардар и то со рекреативците. Мој прв тренер беше Игор Кралевски. По неколку месеци тренерот заедно со тогашниот координатор на Вардар, тренерот Павел Неделковски одлучија да ме префрлат да тренирам со генерацијата родени 2008 година и од полусезоната почнав да се натпреварувам во детската лига.

3. Со генерацијата “2008“ на Вардар успеавте и втора последователна сезона да станете шампиони на Македонија. Како вие ја видовте оваа сезона и колку сте задоволни од прикажаната игра и остварените резултати, сметаш ли дека заслужено го освоите трофејот ?

35742241_10156447088027236_7970441999717236736_n

-Оваа сезона беше многу успешна за нашата генерација “2008“. Многу сум среќен и задоволен што успеавме втора сезона по ред да бидеме шампиони на Македонија а уште повеќе што јас и мојот тим одигравме многу добро во нашата лига и постигнавме добри резултати. Повторно покажавме дека сме најдобрите во Македонија и сметам дека заслужено го освоивме првото место во ова натпреварување.

4. Претежно настапувате на позицијата стопер, на мечевите во детската лига. Дали мислите дека ова е вашето идеално место на теренот, или можете да се пронајдете и на друга позиција ?

- Играм на позицијата стопер, но некогаш во зависност од текот на  утакмицата играм и на друга позиција, како на пример по средината на теренот. Мислам дека во иднина би можел да играм заден везен кога ќе играме на голем терен, 10+1 играчи.

35720428_10156447102297236_1162441127819739136_n

5. Вие бевте генерацијата која настапи на најмногу меѓународни турнири оваа сезона. Кој според вас беше најсилен и дали противниците на турнирите се многу поквалитетни од оние, кои со вас се натпреваруваат во детската лига ?

-Од четирите турнири на кои учествувавме оваа сезона според мене најсилен беше турнирот во Нови Сад “Илија Пантелиќ“, на кој секоја утакмица беше неизвесна до самиот крај. И тимовите со кои играме на овие турнири се многу посилни од тимовите во нашата детска лига.

6. Кои фактори според вас се пресудни и најважни за еден млад играч да биде успешен и во иднина ?

-Според мене најбитно е да се има желба, да се тренира напорно, да се почитуваат инструкциите на тренерот и да се учи од сопствените грешки.

vardarfans-naslovna

7. Сигурно дека имате свои идоли, од кои најмногу сакате да ги гледате и да учите од нив ?

-Отсекогаш сум се воодушевувал на фудбалските вештини на Роналдо, но позициите што ми ги дава тренерот Павел, идоли ми се Рамос и Матиќ.

8. Вардар располага со Академија, каква што имаат и Европските клубови. Какви се условите за работа и дали нешто недостасува ?

-Академијата е навистина прекрасно место за тренинг и условите се одлични. Тренерите се многу добри и така треба да продолжи клубот да инвестира во нас младите категории и играчи. Ги имаме сите предиспозиции и услови за правилна работа и напредок.

72

9. Како ќе го опишете вашиот тренер, Павел Неделковски, како стратег и личност ?

-Како што кажав и претходно многу сум среќен што тренерот Павел ме одбра да бидам дел од селекцијата на фудбалери родени 2008 година. Тренерот е многу добар и посветен на нас и е најзаслужен за нашиот напредок.

314-660x330

Дали Матео има некоја цел и желба која сака да ја исполни за во иднина ?

-Мојата цел како фудбалер е пред се еден ден да бидам дел од сениорскиот тим на Вардар, а потоа и да играм за некој европски тим.

Звонко Ивановски