Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Славче Живков: Посветеноста, работата и мотивацијата на секој натпревар ќе не доближи до освојување на двојната круна со пом.пионери
Славче Живков: Посветеноста, работата и мотивацијата на секој натпревар ќе не доближи до освојување на двојната круна со пом.пионери

Славче Живков: Посветеноста, работата и мотивацијата на секој натпревар ќе не доближи до освојување на двојната круна со пом.пионери

Помладите пионери на ФК Вардар завршија на првото место во помладата пионерска Супер лига и се промовираа во есенски шампиони на Македонија. После две сезони во регионалната-скопска лига во која на два пати и станавме шампиони, пред оваа генерација родени “2003„ година се постави нов предизвик, во дебитантската сезона во првенството. За конечната цел да биде остварена на почетокот на сезоната, екипата ја засилија двајца играчи кои потрекнуваат од фудбалската школа од Кочани, кои изминатите две години беа дел од Академијата на ФФМ, по што преминаа во Вардар. Еден од нив е Славче Живков, со кој е нашето следно интервју со младите играчи кои се дел од Академијата.

1. На колку години започнавте да тренирате, во која фудбалска школа и кој беше првиот тренер со кој соработувавте ?

-Фудбал започнав да тренирам на седумгодишна возраст во приватната фудбалска школа “Фудбал Старс” од Кочани, кај тренeрот Симе Митев, инаку поранешен фудбалер на ФК.Осогово од Кочани. Тој е најзаслужен за мојот напредок како фудбалски талент.

12246818_473937832793796_8685355998337597464_n

2. Бевте две години дел од Академијата на ФФМ. Какви се услови нуди оваа академија, за каква организација се работи и како поминуваше еден ваш ден во Академијата на ФФМ.

-Бев две години дел од првата генерација од проектот на ФФМ, со покровителство на УЕФА. Можам да кажам дека условите што ги нуди ФФМ се едни од најдобрите во државата а програмата за работа е усогласена по тек на европските програми за работа со млади надежни фудбалери. Освен тренинзите кои се секојдневни, дел од времето е посветено на училиштето и учењето, дел за посета на базен и работа во вода, посета на кино и театар, организирана посета на сите на натпревари на домашен терен на фудбалската репрезентација на Македонија.

vardarfans-ffm

3. Зошто го избравте ваш Вардар како клуб каде ќе ја продолжите играчката кариера. Дали имаше повици и од други екипи и што беше пресудно за доаѓањето во најголемиот клуб во Македонија, како беше прифатен од новите соиграчи ?

-Иако имав понуди од екипите на Академија Пандев и Работнички сепак одлучив да пробам и да продолжам во ФК.Вардар. Прво пред се затоа што Вардар нуди услови слични на условите во ФФМ, второ Вардар е најтрофејниот клуб во Македонската фудбалска историја. Во екипата владее позитивна атмосфера и уште од првиот ден се чуствував добредојден во овој клуб.

4. Успеавте да станете есенски шампиони во помладата пионерска Супер лига. Колку сте задоволни од есенскиот дел, имавте променливи игри и резултати, но сепак на крајот успеавте да завршите на првото место ?

Добро ја стартувавме сезоната со три последователни победи, по кои дојде и првиот пораз во градското дерби, кој ни ја разниша малку самодовербата. Имавме и некои мечеви кога на домашен терен моравме да стигнеме до победата, но тоа не се случуваше, можеби и среќата не беше на наша страна. Сепак во последните есенски кола го пронајдовме потребниот ритам и игра и успевавме да победуваме, пред се важни бодови освоивме на мечевите со Работнички и Академија Пандев, како за крај на првата полусезона, со што дојде и приматот, есенски шампиони. Во пролетниот дел од сезоната кога повеќе ќе се бара од нас ќе се воиграме, тимот нема да има повеќе проблеми околу победите. 

21

5. Каков тренер е Филип Деспотовски, за каква личност станува збор во и надвор од теренот ?

-Мојот трет тренер е Филип Деспотовски, многу добар стратег и пред се многу добар мотиватор за една личност со голем карактер . Задоволни сме од неговата посветеност ,работа и односот спрема играчите, ние се обидуваме да му вратиме на тренерот за укажаната доверба и даваме максимум на секој меч.

6. Како ја гледате фудбалската игра, што е според вас потребно за еден играч да биде успешен во иднина ?

-Фудбалската игра е секогаш праведна, кој повеќе ќе се залага, дава се од себе и среќата секогаш ќе го прати. Спортскиот живот е навистина тежок, си бара свои жртви, треба да се тренира напорно секој ден, да го даваме својот максимум, да се избегнуваат доцните излегувања, со цел што повеќе да бидеме одморени за наредниот тренинг, да бидеме упорни, да не се откажуваме кога е тешко и секако да веруваме во себе си.

68

7. Во пролетниот дел ве очекува продолжување на борбата за двата трофеи, што може да очекуваме од вашата генерација ?

-Очекувам максимална  посветеност на секој натпревар, работа и секако мотивација. Со овие три работи ќе имаме квалитет за да ја освоиме двојната круна. Се пласиравме и во полуфиналето на купот, каде претходно елиминиравме екипи како Шкендија и Работнички. Секако и тука е долг патот кон освојување на трофејот, но ќе дадеме се од себе истиот да го освоиме.

8. Колку сте задоволни од условите што ви ги нуди Академијата на ФК Вардар ?

-Условите за работа се идентични на оние на ФФМ . Задоволен сум со условите што ни ги нуди академијата, кои се неопходни за  нормална работа и тренинг,  за да постигнеме поголем успех.

Звонко Ивановски