Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК ВАРДАР 1985/86
ФК ВАРДАР 1985/86

ФК ВАРДАР 1985/86

Нашиот Црвено – Црн тим, далечната 1985/86 се натпреваруваше во најсилната Југословенска лига. Таа година нашиот тим го освои 8 место, во конкуренција на 18 екипи. Нашиот тим таа година заврши со скор од 14 победи, 6 нерешени и 14 порази, со  гол разлика од 52:58, што значеше дека нашиот тим собра 34 бодови, за да се најде на таа 8-ма позиција на табелата. Таа година прв беше Партизан.
Зад нашиот Вардар останаа големи екипи: Војводина, Осиек, Сутјеска, Сараево, Будуќност, ОФК Београд, Динамо (В) и тн.

Таа сезона највеќе настапи во дресот на Вардар запишаа: Савевски Тони (31) Симовски Милко (30) Грошев Момчило (28) Чедомир Јаневски (27)
Стрелци: Панчев Дарко (12)  Здравков Гордан (10) Урошевиќ Стојмир (5) Рингов Васил (4) Сетинов Драги (3) 

Таа година Вардар настапи  и во Купот на Уефа: 
Динамо Букурешт – ВАРДАР 2:1
ВАРДАР – Динамо Букурешт 1:0
Данди Јунајтед  – ВАРДАР 2:1
ВАРДАР – Данди 1:1