Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар утре гостува кај Макс Струмица во рамките на СЕХА лигата
РК Вардар утре гостува кај  Макс Струмица во рамките на СЕХА лигата

РК Вардар утре гостува кај Макс Струмица во рамките на СЕХА лигата

Утре продолжуваат возбудувањата во регионалната СЕХА лига за црвено – црните избраници на Раул Гонзалес. Тие во рамки на второто коло од регионалното натпреварување гостуваат во Струмица кај новиот член на СЕХА тимот на РК Макс Струмица.

Мечот е закажан со почеток во 20 часот и 15 минути во салата “Парк“ во Струмица . Ова е прв меч помеѓу овие два тима во рамки на регионалната лига бидејќи за  домашниот тим ова е прва сезона во лигата каде нашиот РК Вардар е најуспешен колектив. Во првите мечеви  двата македонски ракометни тимови се сретнаа на домашен терен со шампионот на Србија тимот на РК Војводина. Вардарци со двоцифрена предност во еден исклучително ефикасен дуел ја однесоа победата со резултат 37:27. Струмичани на дебито во СЕХА успеаа да ја испуштат победата и одиграат само нерешено со тимот од Србија 25:25 . Вардар влегува како апсолутен фаворит во однос на стримичките „рисови“.

Следен меч за РК Вардар е повторно на македонско тло на 9-ти септември во С.Ц. Јане Сандански го пречекуваме хрватскиот преставник во регионалното натпреварување тимот на Нексе. Овој меч е закажан со почеток во 20:15 минути.