Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Во дресот на Вардар, Георгиевски дебитира во сезоната 1978/79 и боите на клубот ги брани сѐ до 1989 година, денес е тренер на младите вардарци

Историја: Во дресот на Вардар, Георгиевски дебитира во сезоната 1978/79 и боите на клубот ги брани сѐ до 1989 година, денес е тренер на младите вардарци

15965334_1398191520222168_8169466597002202935_n

ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – Роден е на 16 мај 1960 година во Битола, меѓутоа практично целата своја кариера како професионален фудбалер ја минува во редовите на „црвено-црните“ од Скопје.

Во дресот на Вардар, Георгиевски дебитира во сезоната 1978/1979 и боите на клубот ги брани сѐ до 1989 година. Популарниот Пепи, како вардаров првотимец има одиграно повеќе од 260 натпревари меѓу кои и двете средби од Купот на Европските Шампиони против тимот на Порто. Денес Георгиевски е дел од вардаровата фудбалска академија, тој е тренер  на младите надежи во Вардар. Моментално ја води генерацијата родени 2002 година и помали кои се борат за титула во својата возрасна категорија. Тој несебично го дели своето искуство со младите генерации вардарци.

pepi pepi3