Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Мицевски дресот на Вардар го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година

Историја: Мицевски дресот на Вардар го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година

БОРЧЕ МИЦЕВСКИ – Легендарниот вардаров фудбалер е роден далечната 1955 година во Скопје. Дресот со „црвено-црните“ нијанси на најтрофејниот македонски фудбалски клуб го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година.12651075_1056116957762961_4406956081204764996_nЗа тимот на Вардар, Мицевски има одиграно вкупно 408 натпревари (185 првенствени) на кои постигнал вкупно 120 погодоци (51 на лигашките средби). Според неговиот индивидуален учинок заслужено се наоѓа меѓу десеттемина најистакнати рекордери според бројот на одиграните средби и постигнати голови во историјата на нашиот клуб.Исто така Мицевски за последен пат беше дел од тимот на Вардар во сезоната 1984/1985 кога со освоеното петто место во југословенскиот фудбалски шампионат, „црвено-црните“ по втор пат од своето основање се изборија за пласман во европските купови.