Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре нов натпревар за Вардар, Амкар следен противник

Утре нов натпревар за Вардар, Амкар следен противник

Вардар утре ќе го одигра вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Утрешен противник на нашиот тим ќе биде рускиот прволигаш, тимот на Амкар. Амкар оваа сезона игра одлично. Овој тим на зимската пауза во Русија замина како шестто пласиран тим во конкуренција на шеснаесет екипи. Амкар сезонава има запишано седум победи, шест нерешени и четири порази. За тимот на Амкар вчера потпиша камерунскиот играч Самуел Ето, кој со Интер во 2010 година ја освои Лигата на шампионите.

fkv-terekВардар и Амкар во 2015 година се сретнаа исто така на пријателски натпревар. На тој пријателски натпревар Вардар победи со убедливи 3:0. За нашиот тим на тој дуел стрелаа прецизно Ивановски, Блажевски и Петров. На тој натпревар Вардар настапи во следниов состав:

Пачовски, Попов (76’ Стојановски), Грнчаров (76’ Најдоски), Таневски (76’ Бојовиќ), Хамбарѕумјан (82’ Стојчевски), Глигоров (46’ Деспотовски), Спировски (62’ Талалај), Грозданоски (62’ Дашјан), Љамчевски (62’ Петров), Блажевски (62’ Миранјан), Ивановски (46’ Чумбе).