Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан: Имаме големи амбиции и целиме на трофејот во Лигата на шампионите

Борозан: Имаме големи амбиции и целиме на трофејот во Лигата на шампионите

Црнагорскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Вуко Борозан на стартот на оваа сезона ги засили црвено-црните и се покажа како големо засилување за тимот. Тој е четврти најдобар стрелец на Вардар и голем потенцијал пред кој претстои блескава иднина. Вуко за Црнагоските медиуми говори за доаѓањето во Вардар и амбиците кои ги има за најголемиот Македонски клуб. Како што вели, клубот оваа сезона ќе атакува на освојување на лигата на шампиони.

-Вардар е голем клуб, еден од најголемите на планетата и поради тоа се гледам како дел од него. Презадоволен сум, имаме одлична екипа, фантастичен тренер, играме на високо ниво и не размислувам за промена на средината. Имаме големи амбиции и целиме на трофејот во Лигата на шампионите. Поради тоа дојдов во овој клуб и се надевам дека ќе ги израдуваме навивачите и целата Македонија. Тоа е мојата желба. Ракометот во Македонија е спорт број еден и поради тоа заслужуваат наша „жртва“ и голема борба за престижниот трофеј“, вели Борозан.

Борозан прокоментира и за случувањата на СП и за неговиот фаворит за освојување на златниот медал.

-Мислам дека Французите повторно ќе бидат најдобри на планетата. Играат пред своите навивачи, имаат одличен тим. Сите предуслови за златото постојат кај нив, рече Вуко Борозан.