Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дејвис: Екипата е подготвена за прва гостинска победа во Подгорица

Дејвис: Екипата е подготвена за прва гостинска победа во Подгорица

Женската екипа на Вардр тргнува по прва победа во главната рунда од лигата на шампионите. Избраничките на Давид Дејвис во недела ќе гостуваат на еден од најсилните тимови во лигата на шампиони. Секогаш било теѓко да се игра во Подгорица, а црвено-црните ќе атакуваат на прв триумф на теренот на противникот. Денес тие заминуваат со надеж дека можат да одиграат добро и да стигнат до победа, со која би ги зголемиле шансите за првото место во новоформираната група. Шпанскиот стратег на клупата на Вардар, вели дека неговата екипа е подготвена за првиот предизвик во новата година.

-Верувам во ова 100 отсто. Екипата е подготвена за ова. Трениравме две недели веќе, и ќе имаме неколку чекори напред во формата. Затоа и сметам дека екипата е подготвена за прва гостинска победа во Подгорица, вели Давид Дејвис, тренерот на Вардар пред заминувањето за Подгорица

Вардар на последните два натпревари беше подобар од Црнагорткиот шампион, како добра увертира во пресрет на неделниот натпревар.

-Добро е што веќе имаме искуство од лани и претходните сезони па играчите знаат како се игра ова дерби. Секогаш велам дека играчите се тие што играат, и никој друг. Но, постојано напомнувам дека Будуќност има добри играчи, и тренер. Играат добро индивидуално и колективно. Нивниот тренер е почитуван, секогаш е коректен и знае да направи добра анализа.

Двете екипи се сретнаа во рамките на првиот турнир од регионалната лига, на кој Будуќност славеше минимално.

-Ние секогаш ќе ја играме нашата игра, и тоа е тоа. Секако дека сакаме да победиме и така е на секој натпревар. Играме според договореното, и во недела нема да отстапиме од она што и досега сме го играле. Тие имаат одлична одбрана. Најголемата опасност е што играат брзо, со многу полуконтри и контри, а и нивниот голман е одличен, изјавиДавид Дејвис.