Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи заминуваат во вторник на еднонеделни подготовки во Дојран

Пионерските екипи заминуваат во вторник на еднонеделни подготовки во Дојран

Неделава со подготовки одпочнаа сите млади екипи на ФК Вардар: младинците, кадетите и двете пионерски екипи на црвено-црните. Тие во нашиот главен град Скопје на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар во Градскиот парк ја одработуваат првата етапа од зимските подготовки за сезоната 2016/17. Според планот пионерските екипи втората фаза ќе ја одработуваат во Дојран.

Во вторник на 31-ви јануари помладите пионери и пионери заминуваат на југот на земјава на еднонеделни подготовки. Пионерските состави ќе бидат сместени во спорскиот центар “Истатов“ во Нов Дојран каде ќе се подготвуваат за пролетниот дел. Таму ќе имаат базични подготовки, а се очекува да одиграат и некој пријателски меч со екипите кои се подготвуваат или фунционираат на југот на земјата. Кадетите на ФК Вардар предводени од Влатко Колев на 17-ти феверуари ќе заминат за Дојран, а пак дополнително ќе се одредува местото на локација за подготовки на младинскиот состав. Како што веќе ве известивме пионерската екипа која ја предводи Сашо Тодоровски во пролетниот дел од сезоната ќе влезе засилена за Јоцо Радевски и Христијан Димов кои дојдоа од екипата на Работнички. Тие се веќе регистрирани и имаат право на настап во црвено-црниот дрес. Подолго на проба е играч од Милано, Фитор Реџепи за кој дополнително ќе се одлучува дали ќе останува во Вардар, како и еден играч од екипата на Металург. Играчи на проба на стартот од подготовките има и кај помладите пионери предводени од Сашо Јанев