Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати противниците за Вардаровата генер. “2005“ на турнирот “Балканика куп“ во Бугарија

Познати противниците за Вардаровата генер. “2005“ на турнирот “Балканика куп“ во Бугарија

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година во периодот од 8-12 февруари ќе бидат дел од силен меѓународен турнир ‘Балканика куп“ кој ќе се одигра во Бугарија (Сандански). На него ќе учествуваат генерации родени 2005, 2006, 2007 и 2008 година. Единствено кои ќе настапат се избраниците на Игор Кралевски, генерацијата родени 2005 година. Веќе се познати групите во оваа возрасна генерација и противниците во групната фаза за нашите млади надежи.

Вардарци ќе бидат во групата В заедно со екипите од Бугарија: Черноморец, Локомотив Пловдив и Локомотива од Софија.

Екипите ќе бидат поделени во три групи, составени од по четири екипи:

Група А: Царско Село. Пирин, Ботев и Мини Макси Лига

Група В: Черноморец, Вардар, Локомотив Пловдив и Локомотива од Софија и

Група Ц: Ботев, Димитровград. Славија Софија и Витоша.

Тренерот Кралевски со себе ќе понесе 15 играчи, кои дополнително ќе бидат одредени и ние ќе ги објавиме во понатамошниот период.

Минатата година дел од овој турнир беа генерациите родени “2004 и “2005“ година. Генерацијата “2004“ направи голем успех освојувајќи го првото место, каде во полуфиналниот и финалниот меч ги поразија ЦСКА и Левски од Софија. додека генерација “2005“ не успеа да се пласира во полуфиналните мечеви, иако на првите два натпревари во групата забележаа победи.