Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА! ВАРДАР СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА, ВАРДАР СЛАВИ!
ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА! ВАРДАР СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА, ВАРДАР СЛАВИ!

ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА! ВАРДАР СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА, ВАРДАР СЛАВИ!

ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА! ФК Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Вардар и во Турција покажа дека е далеку поквалитетен тим од Фенербахче во моментов. Македонија го слави Вардар повторно. Сега ги очекуваме противниците во групната фаза. Честитки до целиот тим и стручниот штаб за овој историски успех!

Вардар по првиот дел имаше одлични 0:0 во Турција. По првите 45 минути Вардар можеше само да жали што не постигна погодок. Домаќинот започна агресивно уште од првата минута како што и се очекуваше, додека пак нашиот тим мирно и смирено ја чекаше својата шанса преку полуконтра и контра напади. Во 9 минута Фенер преку Озан ја имаше првата шанса на оваа средба, биеше со глава но без посериозни проблеми за Гачевски. Потоа во 22 минута Ван Перси се обиде со удар од далечнина кој заврши во рачете на нашиот голман. Фенер не застана барајќи го првиот погодок, следен кој се закани беше Топал во 23 минута, но Гачевски успеа да одбрани. До крајот на првиот дел Исла и Валбуена се обидоа, но за наша среќа Гачевски беше на висина на задачата. Во 42 минута Барсегјан за Вардар ја имаше меч топката број еден, доби одлична топка во празно од Хамбарџумјан, биеше од 10-сетина метри но само во стативата од голот на Камени. Штета доколку Вардар реализираше ќе беше завршена скоро целата работа. Во 44 минута поради повреда кај домаќинот излезе Потук а на негово место влезе Чачечоуче.

14105-plej-liga-na-evropa-revansh-fenerbahche-vardar-00-vo-zhivoНа почетокот на вториот дел Фенер со две опасни шанси се закани по нашиот гол. Најпрвин во 48 Чачечоуче упати еден удар од 30-сетина метри но над голот на Гачевски. Во 53 минута Гачевски го спаси Вардар од примен гол, Туфан се обиде со глава но само во рацете на нашиот голман. Нападите на Фенер продолжија и во наредните десет минути, со удари се обидуаа но за наша среќа над голот. Во 58 минута Гачевски повторно со одлична одбрана спаси гол, биеше Валбуена од 25 метри. Во домашниот тим во 59 минута во игра влезе и Солдадо на местото на Ван Перси кој беше испратен со свирежи од домашната публика. Во 60 минута за жал Фенер дојде до предност од 1:0, стрелец на голот беше Нојштадер кој најдобро се снајде во нашиот шеснаесетник по изведен корнер. Во 61 минута во нашиот тим во игра влезе Мусилу на местото на Блажевски. Гоооол, во 68 минута Вардар дојде до 1:1. Фелипе упати одлична топка до Џигаури кој во контра напад успеа некако да го совлада Камени за огромна предност од три голови за Вардар. Штета, во 71 минута Барсегјан ја погоди втор пат денеска стативата, навистина немаше среќа вечерва ова момче. Во 74 минута втората замена беше направена во Вардар, влезе Глигоров на местото на Дарко Велковски. Во 81 минута Барсегјан можеше Вардар да го донесе и до водство, но неговиот удар заврши над голот на Камени. Фенер по голот на Вардар, делуваше изгубено, не створи ниту една добра шанса за гол. Во 84 минута и Којашевиќ влезе во игра на местото на Џигаури. Гооооол во 91 минута Глигоров го донесе Вардар во водство од 1:2 и стави печат на одличната игра.

ГОЛЕМО БРАВО ЗА ИГРАЧИТЕ НА ФК ВАРДАР!