Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со три победи и пораз, младинските екипи на РК Вардар го стартуваа турнирот во Белград
Со три победи и пораз, младинските екипи на РК Вардар го стартуваа турнирот во Белград

Со три победи и пораз, младинските екипи на РК Вардар го стартуваа турнирот во Белград

Младинските екипи на ракометниот клуб Вардар со три победи еден пораз го стартуваа турнирот во Белград.

Пионерките во првото коло од својата група беа подобри од екипата на Срем од Србија. Овој дуел избраничките на Ристова го добија со резултат од 19:25. Нашите девојки имале постојано водство во текот на целиот меч и контрола на резултатот, а противникот не успеал посериозно да се закани на нашето водство.

Утрово победа забележаа и Вардаровите кадети, кои на турнирот се преводени од тандемот, Чивлачки-Грчевски. Тие на воведниот меч беа подобри од екипата на Сингелиќ од Србија, кои славеа минимално со резултат од 16:17.

Пионерите под водство на Будимир забележаа една победа и пораз, на првиот ден во Белград. На првиот натпревар за противник го имавме тимот на Рудар, кој го победивме со еден гол разлика (15:16). До крајов на денот одигравме уште еден меч и тоа дербито против екипата на Партизан. Овој интересен натпревар го загубивме минимално со резултат 17:19.
Во текот на утрешниот ден ги продолжуваме натпреварите на овој силен меѓународен турнир во Белград.