Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Историја > На денешен ден во сезоната 1967/1968 година, Вардар го победи Каљари
На денешен ден во сезоната 1967/1968 година, Вардар го победи Каљари

На денешен ден во сезоната 1967/1968 година, Вардар го победи Каљари

Како едно од најдобрите изданија во својата историја на меѓународна сцена Вардар го имаше во далечната 1968 година. “Црвено-црните” настапуваа во Митропа-купот или попознат како Централноевропски куп. Нашиот миленик Ф.К. Вардар успеа да стигне до полуфиналето таа година. Вардарци на патот до овој пласман го минаа италијанскиот претставник во купот, силниот тим на Каљари. Италјанскиот калчолигаш беше предводен од легендата Џиџи Рива, кој само неколку месеци подоцна ја одведе Италија до европска круна.

Вардар со 0-1 и 1-0 успеа двапати да победи на двата меча против тимот од Сардинија, иако против себе имаа бомбардер во името на Рива, италијанската легенда против Вардар остана недокажана. Претходно во ова натпреварување го минавме  и Ласк Линц (0-0, 2-1). По мечот со италијаните следеше полуфиналниот дуел со Спартак Трнава, но тука бевме исфрлени и не успеавме да обезбедиме  пласман во финалето, во двомечот загубивме со 1-4, а потоа ремизиравме со резултат 2-2.

Првиот меч со Каљари, вардарци го одиграа во Скопје и победија со голот на Мето Спасовски. На овој натпревар играа: Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Плачков, Илиевски, Мојсов (Дончиќ), Шулинчевски, Велковски и М. Спасовски.

Во реваншот вардарци пак победија со минимални 1-0 со голот на Велковски. Тука настапија: Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Планчков, Илиевски, Мојсов, Ковачевски, Велковски и М.Спасовски.