Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски, го објави списокот на кои играчи ќе смета за престојниот натпревар во квалификациите за Светското првенство, и за пријателскиот натпревар против Белорусија.
На списокот на нашиот селектор се најдоа дури четворица играчи од редовите на Вардар. Ангеловски ги повика двајцата голмани на Вардар, Филип Гачевски и Игор Алексовски. Покрај овие двајца, во списокот се најдоа уште и младите играчи Дарко Велковски и Бобан Николов.