Генерацијата родени “2004“ година забележаа две победи на завршниот турнир од Јуниор лигата, кој денес се одигра на академијата на ФК Вардар. Противници за избраниците на Филип Арсовски беа екипите на Борец Јуниор (Велес) и ФК Прилеп.
На првиот дуел се сретнавме со тимот на Борец Јуниор, на кој забележавме победа од 3:1. Интересно е тоа што на овој меч на противничкиот гол беше Стефан Тасев, бидејки Борец допатува без голман. Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Марио Сурлов, но Тасев беше одличен на голот на Борец. Теодор Перковски го отвара резултатот и погодува за 1:0. Сурлов пати во продолжение нов удар, кој завршува покрај голот, асе обиде и Игор Јанев, но безуспешно. Во шанса се најде и Софијаноски, но Тасев е повторно на вистинското место. Перковски повторно погодува и зголемува на 2:0, откако сам се избори за позиција и бие силно за зголемување на водството. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.
Во вториот дел Стефан Тасев спасува нови погодоци во мрежата на Борец и е најзаслужен што Велешани немаат поголема негатива. Борец успева да постигне почесен гол и да намали на 2:1 и тоа од втор обид отккао првиот удар го одбрани Василев, но на одбиената топка наиде едн од противничките играчи и ја смести топката во мрежата. Ние во следната минута го враќаме голот и тоа преку Матео Софијаноски за 3:1, што беше и конечен резултат на овој натпревар.
На вториот натпревар за противник го имавме тимот на ФК Прилеп. Тука бевме убедиви и забелажавме триумф со резултат 7:1. Марио Ричков го отвори резултатот на овој натпревар за водство од 1:0. Во следните минути екипата на Прилеп се обиде да го загрози нашиот гол, првиот удар завршува покрај голот на Тасев, додека вториот оид завршува во пречката од нашиот гол. Максим Милошевски од редовите на Вардар шутира над голот на Прилеп. Хајдари и Љушев се обидоа да го зголемат водството, но резултатот остана непроменет. Сепак до крајот на второто полувреме зголемуваме на 2:0, преку Стефан Стојановски.
Во вториот дел бевме голгетерски расположени и постигнавме пет погодоци. Горазд Попов беше играчот кој го зголеми резултатот на 3:0. Продолживме со иницијативата, која вроди со нов гол за 4:0 на Георг Стојановски. Исмет Хајдари беше следниот играч кој се запишува во листата на стрелци, за водство од 5:0. Во следната минута, Прилеп успева да ја затресе нашата мрежа и да намали на 5:1. До крајот на натпреварот уште два погодоци. Најпрво Хајдари зголемува на 6:1 со својот втор гол, додека серијата ја затвара Никола Анчевски, за конечни 7:1. на овој меч.
Успешна сезона за оваа генерација која освои прво и трето место во детската лига и освои еден турнир во Бугарија.