Денес на академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одигра завршниот турнир од Јуниор лигата, на кој настапија генерациите родени “2003“ , “2004“ , “2005“ и “2006“ година. Генерацијата 2005 на Зоран Петковски одиграа два натпревари на кои забележаа една победа и нерешен резултат.
На првиот меч утрово се сретнавме со екипата на Слога од Виница, со која ремизиравме со резултат 2:2. Вардар беше прв кој го отвори резултатот на овој меч и поведе со 1:0 со голот на Симеон Здравковски. До крајот на првиот дел, Слога успева да направи комплетен пресврт. Филип Јовановски имаше можност да го зголеми резултатот, но голманот го брани неговиот удар. Невнимание во нашата одбрана не чинеше примен погодок за израмнување на 1:1. До крајот на првиот дел уште еден погодок за противникот, со што на полувреме се замина со нивно водство од 1:2.
Во вториот дел успеваме да израмниме на 2:2 со погодокот на Филип Јовановски. Слога се обиде да го загрози нашиот гол, но Марко Бреслиев успено интервенира. До крајот резултатот остана непроменет и заврши со резултат 2:2.
На вториот натпревар се сретнавме со екипата на Ново Лисиче. На овој дуел забележавме триумф со резултат 3:0. Одлично одигравме во текот на целиот натпревар имавме доминација и сосема заслужено на крајот победивме. Поведовме со голот на Ѓорѓи Дошев за 1:0, што беше резултат по првото полувреме. Истиов играч во вториот се закани од слободен удар, но голманот на Ново Лисиче успешно брани. Зголемивме на 2:0 с0 погодокот на Филип Јовановски, додека конечните 3:0 ги постави Дарко Сековски.