Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат успесите за Фк Вардар генер. “2006“ ,избраниците на Кралевски стигнаа до третиот последователен трофеј од младинските турнири
Продолжуваат успесите за Фк Вардар генер. “2006“ ,избраниците на Кралевски стигнаа до третиот последователен трофеј од младинските турнири

Продолжуваат успесите за Фк Вардар генер. “2006“ ,избраниците на Кралевски стигнаа до третиот последователен трофеј од младинските турнири

Фк Вардар генерација “2006“ е освојувач на младинскиот фудбалски турнир во Охрид. Избраниицте на Игор Кралевски на супериорен начин го освоија првото место на овој турнир. Во големото финале “падна“ и екипата на Форца, по што црвено-црните се искачија на тронот.

Во групната фаза беа забележани три убедливи победи, што им овозможија пласман во елиминациските рунди. Во првото коло ја победивме екипата на Академија Пандев со високи 11:0. Следуваше меч со тимот на Фер Плеј, кој го добивме со резултат 4:2. Во последното коло од групата се сретнавме со Караорман, натпревар во кој немавме поголеми проблеми и рутински го добивме со високи 11:3.

Следуваа натпреварите од 1/4 на турнирот. Вардарци во оваа елиминациска фаза се сретна со екипата на Тотал Фудбал. Сигурен настап за нашите надежи, кои го најавија пласманот во полуфиналето со триумф од 6:0. На патот кон финалето ни застана екипата на Караорман, која ја совладавме по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел дуелот заврши без победник 3:3. Дури по изведувањето на пенали беше одлучен патникот во големото финале, тоа беше екипата на Вардар, која беше поуспешна со резултат 3:2.

Во големото финале на турнирот во Охрид се сретнаа екипите на Вардар и Форца. Иако се очекуваше противникот да пружи поголем отпор и да го оправда епитет финале, тоа не се случи па црвено-црните на убедлив начин го освоија. Вардарци не дозволија никакво изненадување, па уште од првите минути почнаа да атакуваат кон противничкиот гол. Нашите надежи повеќе ја посакуваа победата, што беше очигледно според играта на теренот. Форца немаше одговор за нашата игра, се што успеаа да стори на овој меч е да постигне еден и единствен гол. Наспроти нив, избраниците на Кралевски дури осум пати ја тресеаа нивната мрежа. Конечниот резултат гласеше 8:1. Играчот кој недостасуваше на претходните натпревари, на најдобар можен начин го затвори овој турнир. Давор Лефковски беше играч број еден во Вардаровиот состав и најзаслужен за новиот трофеј од младинските турнири. Ова момче успеаа да постигне дури пет гола и да ги засени со своите мајстории пристуните гледачи во финалето. Останатите три погодоци беа дело на Давид Голубов, Дамјан Крстевски и Дарко Сековски. На тој начин оваа генерација на убедлив начин го освои овој турнир, што е нивни вкупно третти во поседниве два месеци. Претходно пулените на Кралевски беа освојувачи на турнир по повод 13-ноември којс е одигра на Вембли и Кул Куп 2015, кој се одржа во населбите Карпош и Кисела Вода. За најдобар стрелец на турнирот заслужено беше прогласен Вардаровиот голгетер, Давид Голубов кој постигна вкупно 11 гола.

Ние како медиум кој паралелно ги прати нивните настапи и известува за нив, им честита за новиот освоен турнир. Овие момчиња уште еднаш покажаа како се бранат боите на Вардар и како од срце треба да се настапува за најголемиот клуб во Македонија.