Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ристе Сејменов е главен арбитар на мечот Вардар-Силекс

Ристе Сејменов е главен арбитар на мечот Вардар-Силекс

Фудбалската федерација на земјава за последниот есенски дуел на Вардар го делегираше судијата Ристе Сејменов од Струмица за главен арбитер. Тој ќе ја дели правдата на последниот меч годинава за црвено-црните  против Силекс во четврток од 13-00 часот.

Дуелот ќе се одигра на  Градскиот стадион во Велес, а на  Сејменов ќе му помагаат Горан Манасиев и Петар Новачев и  двајцата доаѓаат од градот кај што се игра мечот – Велес. ФФМ за четврти судија  го делегираше Дарко Стојчевски од Скопје, а делегат на мечот е Зоран Недев од Неготино. На овој меч избраниците на Гоце Седлоски ќе ја прослават “Есенската круна’’ која ја освоиа во ова предпоследно коло со  5.бода предност во однос на најблискиот конкурент тетовскиот тим ФК Шкендија.