Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Кралевски продолжуваат да “редат“ победи на контролните натпревари
Избраниците на Кралевски продолжуваат да “редат“ победи на контролните натпревари

Избраниците на Кралевски продолжуваат да “редат“ победи на контролните натпревари

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени ‘2006’ година продолжуваат со одигрување на контролни натпревари, како последна подготовка пред стартот на пролетниот дел од детската лига. Избраниците на Игор Кралевски вчера на теренот под Кале, одиграа два пријателски натпревари против екипата на Смиљковци и Фк Вардар генерација родени “2007“ година. На двата дуела забележаа убедливи победи.

На натпреварот против екипата на Смиљковци, Вардарци без поголеми проблеми успеаа убедливо да го поразот противникот со резултат 7:1. Стрекци на головите беа Михаил Танчев (2), Данил Ордевски (2), Ангел Крстевски, Милош Спасовски и Стефан Колоски.

На овој дуел настапивме во следниов состав: Мартин Јовановски, Михаил Николов, Милош Спасовски, Никита Патаровски, Стефан Колоски, Михаил Танчев, Ангел Крстески , Данил Ордевски, Ангел Настевски.

На вториот контролен натпревар помеѓу двете Вардарови генерации, поуспешни беа повозрасните. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 9:1, во корист на Фк Вардар генер. “2006“. Давид Голубов постигна четири голови, Марко Николовски три, додека два гола беа дело на Драган Јанковски.

фК Вардар генер. “2006“ : Мартин Јовановски, Дамјан Крстевски, Драган Јанковски, Максим Цониќ, Давид Голубов, Марко Николовски, Милош Спасовски, Стефан Колоски, Михаил Николов, Ангел Спасовски.

Ова се последни подготовки за двете наши генерации, кои од следниот викенд започнуваат со натпреварите во детската фудбалска лига.