Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар вчера одиграа контролен натпревар во Дојран, против екипата на Вршец која доаѓа од треттата лига на Бугарија. Избраниците на Влатко Колев забележаа убедлива победа со резултат 3:0. Во текот на целиот натпревар имаа поголем посед на топка и сосема заслужено на крај успеаа да забележат победа. Во првото полувреме противникот успеаа да одолее на нашите напади, па резултатот беше оној почетниот 0:0. Сепак во второто полувреме успеавме шансите да ги претвориме во гол и да оствариме победа против оваа Бугарска екипа. Најзаслужни за овој триумф беа капитенот Александар Трајчевски кој постигна два гола и Дамјан Менкиноски со еден погодок. Ова беше втор триумф за оваа генерација на подготовките во Дојран. Во четвртокот црвено-црните минимално со 1:0 ги победија младинците на Беласица. Во текот на денешниот ден се враќаме во Скопје, каде сигурно ќе има некој ден одмор за Вардаровите екипи кои беа во Дојран.