Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со наша поддршка до голема победа против Будуќност
Со наша поддршка до голема победа против Будуќност

Со наша поддршка до голема победа против Будуќност

Дојде и овој ден.. ЖРК Вардар излегува повторно на мегдан со ”непобедливиот” тим на Будуќност од Подгорица. Веќе дојде време нашите шампионки  да покажат карактер на една шампионска екипа против тимот на Будуќност и за прв пат во својата историја да се радуваат на победа. Вардарки беа многу блиску пред две години, кога во полуфиналето од Ф-4 турнирот во Будимпешта беа поразени по продолженија. Тој натпревар дефинитивно беше најболен пораз за Вардарки. Оваа сезона нашите девојки исто така се сретнаа со Будуќност во Подгорица, каде нашите девојки одиграа многу лошо и беа убедливо поразени.

Но, се надеваме дека дојде време и ЖРК Вардар конечно да го победи овој тим на Будуќност предводен од Неагу и Булатовиќ. Затоа на овој натпревар девојките мора да имаат ”ветер во грб” кој ќе ги води кон прва победа против овој црногорски тим. Дојдете сите во СЦ. ”Јане Сандански” да навивме за нашите девојки, кон трета победа во низа во Лигата на Шампионките.