Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Можни состави за денешниот натпревар против Ренова
Можни состави за денешниот натпревар против Ренова

Можни состави за денешниот натпревар против Ренова

За неколку часови ќе започне првенствениот натпревар помеѓу шампионот на Македонија ФК Вардар и тимот на Ренова од Тетово. За овој натпревар Гоце Седлоски нема да може да смета на Горан Попов кој го одработува последниот натпревар од суспензијата.

На голот дефинитивно ќе биде Томе Пачовски, одбрамбената четворка ќе ја сочинуваат Хамбарџумјан, Глишиќ, Грнчаров и Мијушковиќ. Во средниот ред треба да играат Никола Глигоров, Стефан Спировски, Хуан  Фелипе, Дејан Блажевски, Дамир Којашевиќ и Драган Ќеран.