Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров: Сакаме победа со Работнички за полесно в пролет да атакуваме на првото место во ПМФЛ
Глигоров: Сакаме победа со Работнички за полесно в пролет да атакуваме на првото место во ПМФЛ

Глигоров: Сакаме победа со Работнички за полесно в пролет да атакуваме на првото место во ПМФЛ

На Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје утре, среда  со почеток во 13-00 часот,  нашиот црвено-црн фудбалски колектив го игра заостанатиот натпревар во рамките од 12 коло против Работнички. За утрешното градско дерби за официјалниот сајт свое видување даде  искусниот фудбалер од средниот ред на Вардар, Никола Глигоров.

Ова ни е последен натпревар во првенството оваа година, и низ него прво сакаме да ја намалиме бодовната разлика во однос на нашиот ривал за првата позиција на табелата, а второ сакаме на некој начин да му вратиме на Работнички за поразот во првиот натпревар сезонава. Тие беа подобри, сосема заслужено победија, сега утре посакувам и очекувам ние да бидеме подобри и да победиме. Завршува овој прв дел од сезоната во првенството во кој што знаеме дека можевме да поминеме многу подобро. Меѓутоа не ни останува ништо друго, освен да победиме и да ја намалиме разликата, и да се обидеме во пролетниот дел од сезоната да стигнеме до тоа прво место кое што секогаш е целта. Со Работнички ќе биде тежок натпревар, очекувам добра игра на Вардар и на крајот освојување на три бода- вели Глигоров.