Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Влез слободен на “запад“ за утрешниот дуел со Работнички
Комити: Влез слободен на “запад“ за утрешниот дуел со Работнички

Комити: Влез слободен на “запад“ за утрешниот дуел со Работнички

Вардар утре е домаќин на ФК Работнички во заостанат дуел од ПМФЛ, мечот се игра во 13-00 часот. Навивачите на црвено-црните ќе го бодрат својот тим, Комити за своите членови објавија соопштение во кое се вели:

Во некои други времиња толку неодоливо ќе беше да задоцниме 12 минути, и на натпреварот да влеземе точно во 13:12ч. во чест на денот, но некако го попримивме менталитетот на нашите браќа од Северот и дисциплинирано си доаѓаме точно на време  ;) а и нема смисла, коректни се во последно време ‘плавците’  ;)
Би пуштиле повторно клетва до “главоњите” за ужасниот термин во работен ден за свадбата на нивните деца, но би имале грижа на совест, а сме ептен добри у душа луѓе, па ќе треба да му купуваме на уште еден стар ерген невеста од Поградец…;) Па еве со цел да заштедиме едно 600-700 евра од скромниот ни буџет, ќе дојдеме и на овој натпревар во овој посран термин…
Дечки шала на страна, последен натпревар оваа есен на нашиот Градски, а каква ли есен имавме само, ау…

km


Да ја затвориме есенската полусезона со добра бројка и навивање од срце, за да ја најавиме Вардаровата пролет фокусирана само на домашното првенство и Купот од каде очекуваме жетва…
Од Вардар најавија и греење на трибина ;) пошто ќе било доста под нулата, а можеме и да си понесеме грејана ракија и салатичка, но само со пластични вилушки за да не пуштат на врата ;) чисто онака да се зближиме повеќе…Потребна е онаа дружба на трибина сите велиме, а всушност се што треба да направиме е само да дојдеме да бидеме покрај своите браќа и да ја гледаме нашата љубов како меле на терен…А се среќаваме со комшивката…ммм колку привлечно само звучи тоа, па уште и у сезона за парење…
#СитеНаСтадион #СилувањеНаДемонотОдДебарМаало#СкопјеЦрвеноЦрноЗасекогаш