Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Љамчевски: Со победа да го стартуваме првенството и мирно да го дочекаме дербито со Шкендија
Љамчевски: Со победа да го стартуваме првенството и мирно да го дочекаме дербито со Шкендија

Љамчевски: Со победа да го стартуваме првенството и мирно да го дочекаме дербито со Шкендија

ФК Вардар одбраната на титулата ја започнува во Струмица и тоа против тимот на Слога. Нашиот тим има низа од три победи по ред против овој тим, очекуваме победничката серија да продолжи и утре во Струмица. Пред утрешниот меч го прашавме Благоја Љамчевски како би го оценил двомечот со Динамо, какво очекување има нашиот играч од првото коло, амбициите за оваа сезона и слично.

Сметам дека двомечот со Динамо го одигравме на доста високо ниво, но за жал немавме доволно спортска среќа за да минеме понатаму. Но тоа е минато, сега останува да се сконцентрираме на домашните обврски во домашниот шампионат и купот. Првиот меч го играме во Струмица, но без разлика на се, ние одиме на победа и со победа да го стартуваме првенството и мирно да го дочекаме дербито со Шкендија во второто коло. Нашите амбиции се добро познати како и секоја година, а тоа е одбрана на титулата во првенството и напад на куп трофејот. - Изјави Љамчевски за нашиот сајт.

Михајло Тушевски