Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Скопје куп: ФК Вардар генер.2002 тргна со триумф
Скопје куп: ФК Вардар генер.2002 тргна со триумф

Скопје куп: ФК Вардар генер.2002 тргна со триумф

На првиот ден од овогодинешното издание на Скопје Куп настапи и првата вардарова генерација од двете колку што учествуваат на истиот. ФК Вардар генерација родени 2002 и помали се сретна со врсниците од тимот на Буба Мара  кој доаѓаат од Хрватска, и на истиот остваривме триумф.

Мечот се играше утрово во  9-00 часот на  еден од терените на  Фудбалската федерација на земјава. Двете полувремиња беа во времетраење од по 25 минути. Првиот период од 25 минути заврши со почетниот резултат 0-0. Во вториот дел избраниците на Петар  Ѓорѓиевски тргнаа да освојат цел плен и успеаа во намерата. Со два погодока успеавме да ги победиме врсниците од Хрватска. Прв нивната мрежа ја начна Леонид Игњатов, кој стрелаше умешно за 1-0. Вториот гол во мечот за 2-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен го постигна Марио Илиевски. Веќе утре оваа генерација игра во второто коло од овој меѓународен куп, противник ни е екипата на штипска  Брегалница, дуелот е закажан од 10:00 часот и истиот ќе се игра на  теренот во  Ѓорче Петров. Денешниот меч го одиграа следните избраници на Ѓорѓиевски: Марко Станковски, Дамјан Пешовски, Даниел Асенов, Филип Симев, Дамјан Врзалковски, Анатолиј Петејчук, Андреј Стојанов, Енес Шабани, Мартин Величковиќ, Дарко Димитров и Ринор Исени.
Напомена:
Генерецијата ”2000” предводена од Сашо Тодоровски на првиот меч од овој турнир ќе се сретне со тимот на Септември (Бугарија). Овој натпревар треба да биде одигран во 18 часот и 15 минути исто така на теренот на ФФМ.