Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од ЛШ – Балотели: Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелци
Гачевски: Ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од ЛШ – Балотели: Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелци

Гачевски: Ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од ЛШ – Балотели: Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелци

Црвено-црните имаат активен резултат од првиот натпревар против Малме, во рамките на 2-квалификациско коло од лигата на шампионите. Овој резултат му дава голема надеж на нашиот фудбалски шампион, дека може на реваншот во Струмица да се излезе како победникот во двомечот против Малме. На првиот дуел, одличен на голот беше, Гачевски кој одбрани неколку тешки удари на противникот и не дозоли повеќе од еднаш да биде совладан. Нашиот чувар на мрежата, за официјалната страна на клубот истакна дека Вардар после оној од 2003 година, има најдобар резултат на прв меч од лигата на шампионите.

-Успеавме да одолееме на нивниот притисок во првите минути, а потоа воспоставивме рамнотежа. На овој натпревар функциониравме како една целина, како еден тим, и дојдовме до овој добар резултат. Успеавме да постигнеме гол кој го посакувавме. Потоа примивме погодок од прекин, и на крајот издржавме пред притисокот на Малме во последните моменти. Мислам дека после победата над ЦСКА Москва во 2003 година, ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од Лигата на шампионите. Сега останува реванш во Струмица на кој што нема да биде лесно, но подготвени сме да дадеме се од себе и повторно со една колективна игра да направиме резултат кој што ќе нè однесе во следното коло од Лигата на шампионите, и конечно да ја израдуваме целата македонска јавност.

Балотели можеше да се прослави на овој воведен дуел, доколку искористеше барем една од двете прилики во кои се најде. Сепак истакна дека неговиот тим дал се од себе и дека ќе се обиде на реваншот да ја затресат повторно мрежата на Малме.

-Остваривме добар резултат од овој натпревар, дојдовме до она што го посакувавме, а тоа е да дадеме гол на гостински терен. Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелците. Во секој случај дојдовме до добар резултат кој што ни дава предност во реваншот. И на вториот натпревар во вторник ќе треба да дадеме се од себе, и да пружиме тимска игра со многу трчање, со многу борба. Да се обидеме да им дадеме гол и на реваншот кој што ќе нè доближи до следната фаза, нешто кое го посакуваме, и се надеваме дека ќе го оствариме.