Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Елвир Рамиќ: Излеговме на терен да победиме и тоа го остваривме
Елвир Рамиќ: Излеговме на терен да победиме и тоа го остваривме

Елвир Рамиќ: Излеговме на терен да победиме и тоа го остваривме

Нова важна победа во борбата за титулата во првенството, остварија помладите пионери. Вчера на домашен терен ја победија екипата на Дрита со 2:0. По еден гол постигнаа капитенот Рамиќ и најдобриот стрелец Ѓоргиевски.

  • Излеговме на терен со една цел, да ја победиме Дрита. Мислевме дека ќе биде лесен противник но на терен достојно се бореа. Дојдовме во водство со мојот гол од пенал и се заврши првото полувреме со резултат 1:0. Не се опуштивме во второто полувреме, продолживме да ја играше нашата игра и ја дуплиравме предноста преку Марко Ѓоргиевски. Најважно е што победивме и останавме во отворена борба за титулата, изјави капитенот Рамиќ за Вардарфанс.

Титулата во првенството, ќе се решава викендов во Чаир, акде оваа генерација гостува на тимот на Шкупи.

Звонко Ивановски