Дејан Јакимовски од Скопје ќе биде главен судија на средбата меѓу Вардар и Ренова, дуелот ќе биде одигран утре на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 14.00 часот.
Вардар на овој дуел ќе се обиде да дојде до третата победа од исто толку натпревари сезонава против тимот на Ренова од Тетово. Пренос од овој дуел засега не е најавен.