Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Селекторот Симовски со пет вардарки на скратениот список за двомечот со Фарските острови
Селекторот Симовски со пет вардарки на скратениот список за двомечот со Фарските острови

Селекторот Симовски со пет вардарки на скратениот список за двомечот со Фарските острови

Тренерот на Вардар Јуниор и селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Симе Симовски го скрати списокот за двомечот  со селекцијата на Фарските острови.  На списокот од  16 ракометарки селекторот се одлучи да има пет девојки од двата црвено-црни клуба, за напомена на поширокиот беа седум.

Утре почнуваат подготовките, првиот меч со островјанките  се игра в среда, 21 март, апак вториот на 25 март во Скопје. Списокот на повиканите девојки изгледа вака:

ГОЛМАНИ: Драгана Петковска (Силкеборг, Данска), Матеја Серафимова (Паок, Грција)

ПИВОТИ: Ивана Гакидова (Стразбур, Франција), Марија Николиќ (Паок, Грција).

Л. КРИЛА: Јована Саздовска (Вардар), Анастасија Николовска (Вардар јуниоp)

Д.КРИЛА: Сара Ристовска (Вардар), Наташа Нолевска (Виборг, Данска).

Л. БЕКОВИ: Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска (Вардар), Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска (Данубиус Галаци, Романија)

С.БЕКОВИ: Марија Штериова (Дунареа Браила, Романија), Душица Георгиевска (Полатли Беледије, Турција), Моника Јанеска (Мудања Беледије, Турција).

ДЕСЕН БЕК: Елена  Георгиевска (Фехервар, Унгарија).