Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го совлада тимот на Деспина, Анастасија Николовска блесна со 15 погодоци
Вардар Јуниор го совлада тимот на Деспина, Анастасија Николовска блесна со 15 погодоци

Вардар Јуниор го совлада тимот на Деспина, Анастасија Николовска блесна со 15 погодоци

 Вчера во спортско рекреативниот центар “Кале“- Скопје екипата предводена од Симе Симовски, Вардар Јуниор во рамки на домашната лига го пречека тимот на  ЖРК Деспина од Прилеп. Црвено-црните девојки одиграа одличен дуел кој го добија со резултат 28:21  , со оваа победа останаа во битката за вицешампионската позиција во лигата.

Вардар јуниор поведе од стартот со 1-0, во следниот напад гостинките од прилепскиот тим   израмнија на 1:1. Вардаровите девојки потоа се одлепија, постојано имаа предност од 3-4 гола во однос на ривалот. Ние на одмор заминавме со плус четири на нашето конто, на семафорот во салата “Кале“ стоеше 16-12 во наша корист. Вториот дел повторно припадна на нашите девојки, тие имаа голема предност која умешно ја чуваа, но и повремено ја зголемуваа. Во натпревар во кој ние недозволивме ЖРК Деспина во ниеден момент да ја загрози нашата предност победивме со седум гола повеќе од прилепчанки. Резултатот на крајот беше 28-21 во наша корист.

Кога сме кај  играчите со најголем удел во победата мора да се напомен  гол-шоуто на   Анастасија Николовска, левото крило на црвено-црните забележа  15 погодоци, или повеќе од половината погодоци за Вардар Јуниор.  Покрај неа Трпевска погоди 4 пати, а Николиќ постигна 3 гола.

ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Кицеска, М. Николовска, Реџеп, Петковска, А. Николовска 15, Карчева 2, Стефановска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 4, Диневска 1, Божиноска 1, Филипоска, Иванова 2, Николиќ 3.