Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Поп-Крстев: Триумфот над КК ГТЦ беше победа на тимскиот дух на Вардар
Поп-Крстев: Триумфот над КК ГТЦ беше победа на тимскиот дух на Вардар

Поп-Крстев: Триумфот над КК ГТЦ беше победа на тимскиот дух на Вардар

Во последното одиграно  коло од Македонската кугларска лига се сретнавме со  тимот на КК ГТЦ Мусандра, тоа беше дуел на сезоната помеѓу двата тима кои ја посакуваа втората позиција зад шампионот КК Макпетрол. По првите две средби интересно двата тима имаа по една победа, но на теренот на ривалот. По таа логика и можевме да се надеваме на успех бидејќи бевме гости, но реално домашниот терен и добрата форма, беа предност на домаќините. Вардар беше десеткуван додатно порани неколку повреди во овој дуел. Во еден тесен натпревар кој го решија само две “дрва“  КК Вардар  победи во дербито со 2,5-5,5 (10,5-13,5, 3180-3182).  Со оваа победа ние ја зграбивме “сребрената“ позиција во МКЛ. Најдобар поединец на овој дуел кај нас беше најмладиот, Георг По-Крстев момчето кое повторно беше клучно. Во продолжение за Вардар фанс го дава својот суд за овој најважен натпревар.

kugla-55

Најпрво сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и тренерот Драги за сработеното оваа сезона. Мечот со екипата на КК ГТЦ Мусандра беше од големо значење како и за нас така и за противникот. Влеговме во директен дуел за втората позиција на табелата. Победата беше императив за двете екипи, на крај среќата беше на наша страна. Победата значи и освојување на второто место во МКЛ. Тактиката поставена од тренерот Драги беше феноменална. Наше беше да излеземе на стаза и да изиграме најдобро што знаеме. Тоа и го направивме, иако славевме тесно секој играч одигра тимски и се бореше за секое дрво. Заслужена тимска победа, тоа беше триумф на нашиот тимски дух кој го поседуваме.

Како беше задоволен од последната партија со тимот на КК ГТЦ Мусандра, за оценката на својот настап на ова дерби за втората позиција во лигата вардаровиот куглар,  Поп-Крстев вели:

 Катастрофално го започнав вториот дел од сезоната бев заменет во првиот натпревар од пролетниот дел, но со тек на време, упорност и тренизни успеав мојата форма да ја искачам на едно задоволително ниво. На последниот натпревар го дадов својот максимум и успеав да го совладам мојот противник за еден чуњ и тоа во последната кугла. 

Интересен е учинокот на најмладиот куглар, тој во првото пролетно коло токму со оваа екипа поради лош старт беше заменет. Сепак тренерот Драги Димитровски со педагошки пристап во остатокот од сезоната ја подигна неговата самодоверба и нивото на игра. Тоа резултираше со првата “600-ка“ откако е во црвено-црниот тим, но и со пласман три кола по ред во идеалната постава во лигата, што е своевиден успех.

pope

Да почнав катастрофално и со право бев заменет на првиот пролетен натпревар од лигата. Сепак сето тоа како да ми даде некоја мотивација плус, за да повторно да успеам да ја качам мојата форма на потребното ниво. Потврда за тоа ми беше дека  успеав да ја минам и границата над 600 “соборени дрва“  поточно впишав 613, и од тој момент па се до ова коло со ГТЦ успевам да влезам во најдобрите 6 играчи на колото. Се надевам и ќе се потрудам да сум таму и во наредното коло. Трудот и вербата во себе ми помогна да го остварам сето тоа за краток период оваа кугларска пролет.

За крај овој предан вардарец ни ја дава оценката за постигнатото во лигата досега и очекувањата за истата, но и Купот во кој сме бранители на трофејот од минатата сезона 2016-2017 година.

Очекувањата на почетокот на оваа сезона за пласманот во лигата се остварија. Она што го сакавме успеавме да го направиме. Второто место ни е речиси загарантирано во домашната лига. Очекувањата во Купот на Република Македонија во куглање  да обезбедиме  влез во финалето како и ланската сезона, а па таму едноставно “што биде нека биде“- вели Поп-Крстев.

Михајло Тушевски