Уште две ракометарки на Вардар си пронајдоа нови клубови за наредната натпреварувачка сезона. Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова во новата сезона ќе настапуваат во унгарската лига, во екипата на Шиофок.
Хмирова ја игра својата петта сезона во дресот на Вардар, откако дојде од екипата на Динамо Волгоград. Пенезиќ пак е четврта сезона дел од црвено-црните и е најдобар стрелец на тимот, од нејзиното доаѓање во Вардар, откако заедно од Крим пристигнаа во Скопје со Барбара Лазовиќ. Хмирова и Пенезиќ ставија договор на една сезона со екипата на Шиофок, која прави силен тим, кој во новата сезона би бил конкурентен на Ѓер и ФТЦ Будимпешта.
Пред заминувањето во новиот клуб, на двете ракометарки им посакуваме со Европска титула да се простат од дресот на Вардар.