Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пред точно четири години, ЖРК Вардар обезбеди историски прв пласман на Ф4 во Лигата на Шампионите
Пред точно четири години, ЖРК Вардар обезбеди историски прв пласман на Ф4 во Лигата на Шампионите

Пред точно четири години, ЖРК Вардар обезбеди историски прв пласман на Ф4 во Лигата на Шампионите

Пред точно четири години на овој датум, екипата на ЖРК Вардар СЦБТ обезбеди историски пласман на завршниот турнир во Будимпешта, во својата дебитантска сезона во Лигата на Шампионите. Тогаш екипата предводена од Индира Кастратовиќ заврши како првопласирана во една од двете групи и обезбеди учество на Ф4, кое беше прво историјата на клубот. Во одлучувачкиот меч на 16-ти март 2014 година во С.Ц. Борис Трајковски го совладавме Савехоф, а на тој дуел блескаше нашата голманка Ина Суслина, која имаше дури 19 одбрани. Од актуелните ракометарки таа сезона дресот на Вардар го носеа, Лекиќ, Радичевиќ, Суслина, Кликовац, Хмирова и Лејно.

Таа 2013/14 сезона Вардар го освои третото место совладувајќи ја екипата на Митјиланд, додека во полуфиналето дури по продолженија бевме поразени од екипата на Будуќност.