Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Мислам дека подобриот тим заслужено победи
Јаневски:  Мислам дека подобриот тим заслужено победи

Јаневски: Мислам дека подобриот тим заслужено победи

Вчера нашиот ФК Вардар го доживеа првиот пораз во деби настапот во групната фаза во Лигата на Европа. Црвено-црниот колектив беше комплетно надигран од тимот на Зенит и убедливо поразен. Уште на полувремето Зенит имаше висока предност од 0:3, на крајот конечниот резултат гласеше 0:5 за тимот од Русија. Тренерот  на нашиот тим Чеде Јаневски по мечот го изјави следново:

Натпреварот го почнавме што се вели со негатива. Брзо примивме гол, кој што не смеевме да го примиме гол. И кога така ќе се почне, требаше одново да ја градиме играта, а немавме ден. Несреќата да биде таква, примивме уште еден гол кој дополнително ни ја отежна работата. После 0:3 во соблекувалната реков дека мора да се вратиме од почеток, односно средниот ред и нападот да ги имаме поблиску. Во второто полувреме добро почнавме во првите 15 минути, не можам да кажам дека правевме шанси, но имавме неколку закани, удари. И во тој момент кога мислевме дека ќе се вратиме во игра со евентуален гол, ние примаме уште еден гол. Направивме последна измена, и тој се повреди, и покрај резултатската негатива, ние имавме и хендикеп на теренот. Мислам дека подобриот тим денеска победи заслужено.

Јаневски вели дека од овој пораз треба да се извлече поука и да се обидеме да одиграме подобро на следните натпревари.

-Треба да извадиме поуки од овој натпревар и да ги корегираме грешките, и на следните мечеви да ни се случуваат вакви работи. Друга работа е што многу од нашите играчи немаат вакво искуство како ова вечерашното. Но, има уште пет натпревари на кои ќе мора да покажеме подобра организација и да почнее да освојуваме бодови.