Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Главата горе момци, следи инвазија на Железарница
Комити: Главата горе момци, следи инвазија на Железарница

Комити: Главата горе момци, следи инвазија на Железарница

Комити не се уморуваат од бодрење, тие веќе најавија нова активност овој викенд.

Главите горе момци!
Болката по поразот е голема, а љубовта е уште поголема…
Но денов нема да се памети по високиот резултатски пораз, туку ќе се памти по нашиот фанатизам и атмосферата која ја создадовме.
Не е прашањето колку пати и колку тешко си паднал, порази имало и ќе има, туку важно е како ќе реагираш откако ќе го доживееш тоа…Победничкиот дух вечерва го покажавме, а истиот ќе го потврдиме само со масовно присуство во Автокоманда на следниот првенствен натпревар на нашиот Вардар, кој е веќе во недела….Се вративме ние, сега да го вратиме и Вардар, а веќе е јасно и што треба да направиме..
ИНВАЗИЈА НА ЖЕЛЕЗАРНИЦА!!!