Вардар со победа го заокржи првиот турнир во рамките на регионалната лига, кој денес треба да финишира во Подгорица, со натпреварот помеѓу екипите на Будуќност и Крим. Црвено-црните овој пат беа подобри од шампионот на Словенија, совладувајќи ги со резултат од 30:27.
Уште од самиот старт на натпреварот, избраничките на Дибирова имаа предност која ја задржаа до крајот на првото полувреме, кога на одмор заминаа со резултат 14:11. На стартот на второто полувреме, шампионот на Словенија со серија од 3:0 успева да го израмни резултатот на 14:14. Во продолжение од натпреварот, Крим се покажа како подобра екипа на теренот. Се чинеше дека противникот е поблиску до триумфот кога имаа предност од три голови разлика. Сепак Вардарки не дозволија изненадување и полека но сигурно ја стопија предноста на Крим. На крајот успеваме да славиме со резултат 30:27.
Повторно најдобар стрелец во нашиот состав беше Радичевиќ која постигна двоцифрен број на постигнати голови, или вкупно 10, додека Лекиќ беше втор најефикасен играч со 5 погодоци.
ВАРДАР: Суслина, Мицевска, Радичевиќ, 10, Кликовац 3, Саздовска 1, Пенезиќ, Керамитчиева, Канџија 1, Хмирова 3, Цвијиќ 3, Лекиќ 5, Петровиќ 1, Ристовска 2