Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровиот “голмански бисер“ Лука Јаневски доби признание за “Најдобар голман“ на престижен камп во Германија
Вардаровиот “голмански бисер“ Лука Јаневски доби признание за “Најдобар голман“ на престижен камп во Германија

Вардаровиот “голмански бисер“ Лука Јаневски доби признание за “Најдобар голман“ на престижен камп во Германија

Вардаровиот “голмански бисер“ членот на генерацијата за фудбалерчиња родени 2007 и помали Лука Јаневски доби ново признание за својте вонсериски голмански вештини. Тој во периодот од први до петти месецов беше дел од суперквалитетен тренинг камп во Германија. Кампот беше организиран во германскот град Регензбург, каде фунционира една од најголемите фудбалски школи во Германија на поранешниот играч на Баерн Минхен и член на германската фудбалска репрезентација Ханс Дорфенер. За младиот вардаров голман се вели дека е следниот “Мутибариќ помеѓу диреците“ алудирајќи дека има раскошен голмански талент и неодоливо потсеќа по голманските вештини на легендата на ФК Вардар, Екс Ју Лигата и Југословескиот фудбал воопшто, најдобриот вардаров и македонски голман во фудбалската историја Драган Мутибариќ.

luka

 На кампот имало 80 учесници од кој 8 биле голмани, а Јаневски по завршување на истиот добил диплома со признание за “Најдобар голман на кампот“, домаќините биле импресионирани од него и се интересирале од кој клуб во Македонија доаѓа ваков еден талент и кој е негов тренер, подвлекувајќи дека Вардар има бисер кој мора да се негува и надоградува. Ова е само едно од серијата признанија кој ги добива Лука, тој лани “собра“ дузина други признанија за неговите квалитети, последното беше дека е “Најдобар голман на сезоната“ во цела Македонија кај голманите родени 2007 година, кога заедно со вардаровиот состав генерација 2007 на чело со Томче Трајановски стана шампион на земјава. Тој за свој голмански “ментор“ го има синот на легендарниот Драган, вардаровиот тренер и поранешен голман на црвено-црните Слободан Мутибариќ.

За наградава  младиот надежен вардаров голман како што вели ова признание посебно му значи, бидејќи е потврда за неговата квалитетна работа во вардаровата Фудбалска академија под водство на неговиот тренер Слободан Мутибариќ на кој му се заблагодарува за досега сработеното на неговиот голмански напредок . Ова признанение Лука  вели дека е само имплус повеќе да продолжи да се надоградува во иднина како голман и личност, тој за крај вети дека ќе продолжи со напорна работа и во иднина.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ