Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2004 победи на пријателски дуел со Ферплеј
ФК Вардар генер.2004 победи на пријателски дуел со Ферплеј

ФК Вардар генер.2004 победи на пријателски дуел со Ферплеј

По успешната прва смена на летниот камп на фудбалскиот клуб Вардар во Охрид, момците од генерација 2003 и 2004 се враќаат денес за Скопје. Како што ве известивме на пријателски меч со Ферплеј екипата предводена од Томче Трајановски генерација 2003 однесе победа 3-0 (види), покрај оваа генерација шампионите од ланската година генерација 2004 со врсниците од Ферплеј одиграа пријателски дуел. Тимот на генерација 2004 кој годинава ќе го води искусниот Ане Андовски истотака однесе победа со резулат 3-0.

Тие одиграа дуел со тимот на Ферплеј во Охрид во кој целосно доминираа во сите сегменти на фудбалската игра, мечот избраниците на Андовски го решија веќе по првото полувреме, тие истото го добија со резулат 2-0. Двократен стрелец во првиот дел беше најдобриот стрелец лани во детската лига во сите младински категории на ФК Вардар, Георг Стојановски, тој со двата гола донесе мирен одмор и релаксирано влегување во вториот дел во кој врсниците од Ферплеј се обидуваа да дојдат до поволен резулат, но неуспеаа да ја затресат нашата мрежа. Во вториот дел по неколку шанси имаше на двете страни, сепак само ние успеавме да погодиме на три минути до крајот стрелаше за резулат 3-0, кој подоцна се покажа како конечен Марио Ричков. Освен овој дуел со оваа екипа имавме и еден заеднички тренинг кој беше составен од три периода  во времетраење од по 30 минути во кои се играше меѓусебно. По првиот период имавме постигнато гол за 1-0 преку Марио Ричков, во вториод тест период погодивме двапати еднаш стрелаше Матеј Богдановски и еднаш погоди ефектно Горазд Попов. Имаше и трети период во кој игравме комбинирано и противникот успеа да погоди трипати во истиот.