Во градот Охрид се реализира првата смена од летниот камп на фудбалскиот клуб Вардар на кој присутни се околу 75 деца од две генерации. На истиот учествуваат деца родени од генерацијата 2003 и генерацијата 2004. Нивни инструктори се двајцата тренери во младинската школа на ФК Вардар: Ане Андовски и Томче Трајановски. За голманите е задолжен на кампот Слободан Мутибариќ. Оваа година генерацијата 2003 кај петлињата му е доделена на фудбласкиот педагог Томче Трајановски, тој во Охрид со својте момци одигра пријателски меч.
Противници на ФК Вардар генерација 2003 во премиерниот тест-дуелот беше екипата на ФК Ферплеј. Нашите момци за кој ова е прв меч со новиот стратег на клупата покажаа разлика во класа во однос на своите врсници од Ферплеј. Избраниците на Трајановски доминараа во текот на целиот меч со своите противници, тие однесоа победа од 3-1. Кај црвено-црните двоен стрелец на овој меч беше Марио Петрушевски, а третиот погодок за вардрци го постигна Давид Ивановски. Во продолжение погледнете неколку фотографии од овој пријателски натпревар.