Првата пресметка од големото дерби во новата сезона е веќе во недела. Шампионот на Македонија, екипата на Вардар, исто како и минатата сезона, така и оваа, во второто коло од првата македонска фудбалска лига ќе се сретне со директниот конкурент за титулата и оваа сезона, тимот на тетовска Шкендија.
Минатата сезона овие два тима се сретнаа на четири наврати. Нашиот тим на ниту еден од тие четири натпревари не беше надигран и не загуби. Првиот натпревар (Оној од второто коло) се одигра во Куманово. На тој натпревар нашите момци славеа победа од 3-1. Потоа, следните три натпревари се одиграа на наш терен. Најпрвин, на 25 октомври минатата година резултатот заврши без голови 0-0. Следуваа два натпревари ”да се биде или не”. Следниот натпревар се одигра на 17 април, овој меч заврши без победник 1-1, голот за нашиот тим го постигна Фелипе во 35 минута од натпреварот. Следуваше и натпреварот кој значеше победа и титула. Овој натпревар се одигра на 24 април, а нашиот тим славеше голема победа од 1-0, со голот на Јасир Асани уште во 9 минута од натпреварот.
Значи, ФК Вардар минатата сезона не доживеа ниту еден пораз од тетовчани на четири пресметки. Се надеваме дека и оваа сезона Вардарци ќе продолжат во ист ритам, и уште во недела ќе покажат кој е шампион на Македонија.