Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Ако сакаме да се пласираме во полуфиналето ќе мора да постигнеме најмалку еден гол на реваншот во Тетово
Јаневски: Ако сакаме да се пласираме во полуфиналето ќе мора да постигнеме најмалку еден гол на реваншот во Тетово

Јаневски: Ако сакаме да се пласираме во полуфиналето ќе мора да постигнеме најмалку еден гол на реваншот во Тетово

Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат, на првиот четврфинален меч од купот на Македонија. Госттите од Тетово први поведоа со голот на Бесарт Ибраими, додека Вардар го израмни резултатот преку Хуан Фелипе и тоа со мајсторски удар од слободен удар. Така и двете екипи на реваншот кој ќе се одигра на 7-ми март во Тетово, ќе го започнат мечот без предност. Јаневски истакна дека конечниот победник ќе се решава на реваншот во Тетово, на кој Вардар мора да постигне најмалку еден гол ако сака да се надева на пласман во полуфиналето.

-Тежок меч за двата тима. Ова е поинаков начин на игра, и имате само 180 минути да го решите победникот. Затоа и од двете страни се играше попретпазливо. Не беше толку убав меч за око. Мислам дека примивме гол по наша грешка, што ни ја отежна работата. Ни ги смени плановите, да победиме без примен гол. За среќа израмнивме со прекрасен гол на Фелипе. Мора да поправиме грешки во неколку сегменти во играта, иако немам некакви големи забелешки на моите фудбалери. Ако сакаме да се пласираме во полуфиналето ќе мора да постигнеме најмалку еден гол. Куповите затоа и се интересни. Видовме дека и Виган го елиминираше Манчестер Сити, така да верувам дека во Тетово шансите се израмнети, истакна Јаневски.